Регион 15. мај 2020. / 12:05

Словенија го укина задолжителниот 14-дневен карантин по влез во земјата

Словенија го укина задолжителниот 14-дневен карантин по влез во земјата

Словенците и граѓаните на другите земји членки на Европската унија повеќе нема да одат во 14-дневен карантин по влезот во земјата.

Ова одлука, што беше на сила од средината на март, е укината за сите, освен за граѓаните од трети држави, односно за оние од државни кои не се дел од ЕУ.

Во карантин нема да одат и граѓаните на трети земји кои имаат привремено или трајно живеалиште во ЕУ, а во странство не биле повеќе од две недели.

Полицијата соопшти дека на граничните премини на лицата кои влегуваат во земјата ќе им се даваат фалери со препораките на Националниот институт за јавно здравје во однос на заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.