Регион 16. март 2020. / 11:17

Словенија ги затвора аеродромите, стопирани јавниот градски транспорт и железничкиот превоз

Словенија ги затвора аеродромите, стопирани јавниот градски транспорт и железничкиот превоз

Со одлука на словенечките власти како мерка во борбата против корона вирусот од утрово комплетно е стопиран целиот јавен живот во земјата.

Затворени се училиштата, градинките, откажани се сите културни и спортски установи, јавниот градски превоз, домашниот и меѓународниот железнички превоз и сите услужни објекти каде што може да има контакт меѓу луѓе, како фризерски и козметичарски салони.

Портпаролот на Кризниот штаб за справување со коронавирусот, Јелко Кацин, најави дека од утре ќе се затворат и аеродромите во земјата со што ќе се стопира и воздушниот сообраќај.

Ова е крај за локалите, крај на дружењата, а државата ќе се погрижи за да разбереме зошто мораме да се грижиме за себе и за другите. Мораме да почнеме да се грижиме за себе – изјави Кацин.

Во однос на превозот најавено е дека нема да бидат укинати такси возилата, но таксистите имаат обврска по секој патник да направат комплетна дезинфекција на возилото, а полицијата строго контролира дали тоа се почитува.

Дополнително, градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ изјави дека сите паркинг места низ градот ќе бидат бесплатни со цел да се компензира неработењето на јавниот превоз.