Владата на Словенија ги продолжи повеќето рестриктивни мерки за уште една недела на редовниот состанок на кој се разгледува епидемиолошката состојба во земјата.
-Моменталната епидемилошка ситуација во земјата бара нова, временски ограничена објава на епидемија на целата територија на Словенија, соопшти Владата, пренесе СТА.
Единствена мерка која властите ја ублажија е отворањето на градилиштата од 15 март, а градежните работници можат да се вратат на работа без претходно тестирање.
Градежните работници можат да работат на градилишта, но не и во приватни куќи. Градежните компанииинаку, порано апелираа до Владата да дозволи работа на отворено.