Регион 28. март 2020. / 12:57

Словенија бележи намалување на бројот на новозаразени од Ковид-19

Словенија бележи намалување на бројот на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа словенечките здравствени власти потврдиле 52 нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус.

Ова во споредба со изминатиот ден претставува намалување на бројот на ново заразените, имајќи во предвид дека вчера имаше 70 ново заболени.

Со последните случаи, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Словенија изнесува 684.

Од сите заразени хоспитализирани се 90 пациенти, а само 25 се во одделенијата за интензивна нега.

Портпаролот на Владата, Јелко Кацин на редовната прес конференција објави дека пациентите кои се на интензивна нега се ставени на апарати за вештачко дишење и дека нема нови починати лица како последица на Ковид-19.