Регион 23. април 2020. / 10:26

Словенечкиот гигант „Горење“ ќе укине 2.200 работни места поради коронавирусот

Словенечкиот гигант „Горење“ ќе укине 2.200 работни места поради коронавирусот

Словенечкиот производител на апарати за домаќинството, „Горење“ од Велење, ќе укине 2.200 работни места поради последиците од пандемијата на Ковид-19, јавуваат словенечки, а пренесуваат и други балкански медиуми.

Илјада работни места ќе биле укинати во фабриката и во деловните канцеларии во Словенија, а 1.200 во филијалите на компанијата во странство, рекол синдикалниот претставник, по вонредниот состанок што се одржал на иницијатива на управата на фирмата.

„Горење“ е еден од најголемите словенечки извозници. Во 2018 го купи кинеската групација „Хисенсе“, со намера да ги прошири производството и продажбата на апарати за домаќиство ширум Европа.