Регион 03. April 2019. / 20:17

Словенечки медиуми: Хрватска стои зад прислушкувањето на словенечки функционери

Словенечки медиуми: Хрватска стои зад прислушкувањето на словенечки функционери

Давор Франиќ, секретар и шеф на кабинетот на директорот на Безбедносно разузнавачката агенција на Хрватска – СОА, Даниел Маркиќ, стои зад прислушувањето на словенечкиот претставник во Арбитражниот суд, Јернер Секолец и словенечката претставничка пред судот од Министерството за надворешни работи, Симон Дреник, што се случи во 2015 година, објавија денеска словенечките медиуми.

Франиќ е одговорен за низа скандали и закани што ги вршел според упатства на хрватското раководство, а познат е и како „механичарот Давор“ од аферата „Шпиони“, во врска со префрлување оружје во Босна и Херцеговина.

Словенечките медиуми наведуваат дека зад илегалното прислушување континуирано стои СОА и дека Франиќ, како и во аферата во БиХ, раководел со операцијата.

Прв показател дека СОА стои зад активностите во Словенија беше изјавата на поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ, кој претходно рече дека СОА и тогашниот директор Драган Лозанчиќ треба да добијат државна награда за нивната работа во арбитражата.

Лозанчиќ тогаш го именуваше Франчиќ за шеф на својот кабинет, додека СОА во своите годишни извештаи за 2015, 2016 и 2017 година воопшто не ги споменува активностите во Словенија или во областа на арбитражата.

Словенечките медиуми наведуваат дека зад Франчиќ стои Божо Петров, лидер на МОСТ и поранешен претседател на хрватскиот Парламент, кој е „политички кум на Франиќ“.