Полицијата вчера во местото Генерал Сантос на Филипините уапси Словенец, кој сакал да избега без да плати хотелска сметка.
Филипинската полиција го уапси Словенецот Давид Фифер, зашто не сакал да ја плати хотелската сметка во Мирада Ин хотелот во местото Лагао.
Според филипинските медиуми, сопственикот на хотелот го пријавил Словенецот роден во Марибор кога се обидел да избега без да плати сметка од 18 000 филипински песа (400 американски долари).
Фифер во хотелот престојувал од 23 јули до 13 август. На Словенецот му се заканува депортирање, зашто полиоцијата утврдила дека му се истечени документите за престој.