Регион

Словенец шокиран од висока сметка на Хвар

Словенец шокиран од висока сметка на Хвар

Словенечки турист бил изненаден деновиве од високата сметка која ја добил на Хвар во Хрватска.

Во еден локал добил сметка од 12.000 евра.

Својот револт го покажал на Твитер каде ја објавил фотографирана сметката, но ова наишло на бурни реакции. Едни тврдат дека цените се многу високи, а други дека се прифатливи.

Една корисничка напишала дека не е чудо што туристот добил толку висока сметка бидејќи нарачувал скапи пијалоци.

Во локалот каде бил туристот скапите вина чинат и до 2000 евра.

Друг човек кој ја видел сметката му одговорил дека доколку истите пијалоци ги нарачувал на Миконос во Грција, сметката би била со една нула плус.