Регион 02. јули 2018. / 11:10

Скот: Ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат се што сакаат

Скот: Ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат се што сакаат

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина би требало да влезе во поинтензивна фаза. Додава дека се надева оти компромисот би можел да се случи во оваа година.

Скот за РТ вели дека е јасно оти ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно двете страни да дојдат до компромис.

-Затоа е толку важен овој дијалог кој води кон ЕУ. Мислам дека морате да влезете во поинтензивна фаза, јас се надевам ќе дојде до компромис, можеби и оваа година, изјави Скот.