Скандал ја тресе хрватската армија откако тројца хрватски пилоти од Хрватското воено воздухопловство (ХВВ) од воената база во Земуник се под истрага на цивилната и воената полиција.
Пилотите превезувале шверцер со оружје со воен хеликоптер, а полицијата извршила претрес во нивните домови каде пронашла поголема количина воена муниција, јави Нова ТВ.
–Ова е изолиран случај, тоа не се случило досега во хрватските воздухопловни сили. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да спречиме вакви случаи, изјави бригадниот генерал Мато Микиќ, командант на ХВВ.