Регион 01. март 2020. / 17:35

Ситуацијата на бугарско-турската граница е мирна

Ситуацијата на бугарско-турската граница е мирна

Ситуацијата на бугарско-турската граница денеска е мирна, а бугарската Влада тврди дека не ја минал ниту еден илегален мигрант. Спречени се само спорадични обиди за преминување на границата, пренесува БГНЕС.

– Во моментов ситуацијата е мирна, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, додавајќи дека е политика на Бугарија е да не се дозволи влегување на мигрантите.

Бугарија во петокот распореди дополнителни трупи на границата со Турција, а Каракачанов најави распоредување на дополнителни 1.000 војници во случај на потреба.