Младо момче загина синоќа поради силното невреме, проследено со грмежи, во сплитското подрачје.
Кога невремето започнало, луѓето се криеле од дождот, а момчето 26-годишното момче, најверојатно од БиХ, излегло од морето кога удрил громот.
Според информациите момчето се наоѓало во плиткото кога удрил громот, пренесува Н1.
Хрватските медиуми пренесуваат дека брзата помош навреме реагирала, но за жал, не можеле да му помогнат на момчето.