Регион 20. ноември 2018. / 20:02

Силно невреме ја зафати Црна Гора

Силно невреме ја зафати Црна Гора

Градот Тиват на црногорското приморје го зафати големо невреме. Улиците во градот се поплавени и сообраќајот се одвива во отежнати услови.

Обилни врнежи кои од вчера паѓаат ширум Црна Гора, предизвикале неволји за мештаните во бројни населби и градови. Дождот предизвика изливање на канали и одводи на сообраќајни и јавни површини, а водата продрела во повеќе објекти.

Од полноќ наврнало 85 литри по метар квадратен.

Ветерот соборил стебла на повеќе места.

На терен се екипите од Службата за заштита и спасување, Комунално станбено претприемништво и Чистота и помагаат при санирање на последиците од невремето.