Силно невреме, проследено со грмотевици и дожд, во саботата зафати повеќе делови од Хрватска.
Температурите кои до неодамна изнесуваа над 30 степени значително се намалија, а вчера падна дожд проследен со грмежи.
Екстремни временски услови беа забележани во Сплит и во Пелешац.
Граѓаните на Пелешац снимија пијавица, додека снимките од Сплит минатата ноќ покажуваат како молњите ја претворија ноќта во ден.
Во попладневните часови се очекува делумно разведрување, особено на Јадранот. Температурите ќе се движат помеѓу 21 и 26 ° C, како што е соопштено од ДХМЗ.