Регион 15. ноември 2018. / 11:48

Силни земјотреси го погодија Јонското море

Силни земјотреси го погодија Јонското море

Два земјотреси со јачина од 4,8 и 5,1 степени според Рихтер се забележани денес во Јонското море покрај брегот на Грција, објави Европскиот-медитерански сеизмички центар.

Потресите се регистрирани 275 километри западно од Атина. Земјотресите биле на длабочина од 10 километри.

Нема информации за повредени лица и материјални оштетувања. Не постои закана од цунами.

На 26 октомври, силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала беше забележан во Јонското Море, предизвикувајќи материјална штета.