На граничниот премин Муриѓан помеѓу Албанија и Црна Гора, албанската полиција открила шверцер кој тргувал пиштоли од Албанија за Германија.
Тиранскиот весник „Панорама“ кој се повикува на информации на албанските власти наведува дека „Швеѓанецот, Себастјан Рикард кој има 21 година, се обидел да прошверцува 19 пиштоли, калибар 7,65 од Албанија во Германија.
Во соопштението на албанската полиција се наведува дека швеѓанецот патувал со автобус на релација Албанија – Косово – Германија, а пиштолите ги сокрил во неговите лични работи во неговиот куфер.
Истиот извор нагласува дека швеѓанецот е уапсен и Јавното обвинителство во Скадар ги превзема сите потребни активности за покренување на пријава кривилчно дело „шверц со оружје“.
Засега нема информации каде и како е набавено оружјето.