Регион 23. мај 2019. / 21:22

Шведска телевизија: Хрватска пред шест години стана членка на ЕУ и во меѓувреме доживеа масовно иселување

Шведска телевизија: Хрватска пред шест години стана членка на ЕУ и во меѓувреме доживеа масовно иселување

Шведската државна телевизија СВТ објави пред неколку дена репортажа од Илок во која драматичното иселување од Хрватска во последните неколку години се става во контекст со проблемот со емиграцијата кој мачи голем број земји од Европската Унија, па и самата Шведска, пренесува мкд.мк.

Репортерот на СВТ разговарал со неколку постари жители, а особено го истакнал фактот што Хрватска, за разлика од емиграцијата од средината на 20 век, денес ја напуштаат млади семејства.

Хрватска пред шест години стана членка на Европската Унија и во меѓувреме доживеа масовно иселување во други европски земји. Се проценува дека Хрватска во тој период ја напуштиле околу 500.000 луѓе. Нашиот дописник Самир Абу Еид посети еден од градовите кои се најтешко погодени од иселувањето“, почнува прилогот на СВТ за хрватската емиграција.

„Малиот град Илок во североисточна Хрватска е далеку од прекрасниот хрватски брег. Тукашните улици се празни, многу куќи се напуштени и затворени“, се вели во прилогот. Пред изборите за Европскиот парламент едно од поважните прашања е емиграцијата и во многу земји постои загриженост поради доселувањето. Меѓутоа, во Хрватска пред сѐ владее загриженост поради иселувањето, се вели во прилогот.

Петер Петровиќ, Хрват кој живее во Шведска, го објави на својот фејсбук профил прилогот на шведската телевизија. Тој во статусот напиша дека, откако ја погледнал репортажата, му „било срам што е Хрват“.