Регион 07. ноември 2018. / 17:39

Шпанија го забрани косовското знаме

Шпанија го забрани косовското знаме

Каратистите од Косово на Светското првенство во карате, кое се одржува во Мадрид, учествувале без државни обележја. Нивното знаме го немало ниту во спортската хала, пренесуваат косовските медиуми.

Како што пишува „Коха диторе“ шпанската влада, која се противи на независноста на Косово, одлучила да го забрани истакнувањето на државните симболи на оваа земја.

На каратистите од Косово не им било дозволено на кимоното да го носат натписот КОС, па на тоа место пишувало СКФ – светска карате федерација.

Реакција од косовската влада за овој настан сеуште нема.