Случаен минувач се шокирал кога, во вторникот, на пристаништето во Бакар кај Риека, забележал две змии, долги помеѓу два и три метри.
Се претпоставува дека станува збор за безопасен питон, кој се чува во бродовите.
Посадата од бродовите често чува змии како миленичиња, со цел да ги фатат глувците, пишуваат хрватските медиуми.
Надлежните институции се информирани, но сеуште нема одговор дали змиите се вратени на бродот.