Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека се потврдени шест нови случаи на луѓе позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со вирусот достигна до 132.
Според соопштението на ИШПК, во текот на денот се тестирани примероците на 105 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчера изнесува 1.605.
Според Инситутот, Сите нови случаи се заразени преку контакти со лица, кај кои претходно е потврдено присуството на вирусот. Петмина од нив се од општина Пеќ, а во еден случај станува збор за лице кое било сместено во карантин во Приштина откако допатувало од странство и кај кого симптомите се појавиле седмиот ден од карантинот.
Како излечени денеска се потврдении шест нови случаи кај кои претходно било потврдено присуство на Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои од појавата на првите заразени, на 13 март, се излекувани достигна до 16. Во истиот период е забележан и еден смртен случај како последица на епидемијата, 82-годишен маж кој страдал и од други хронични болести.