Регион 26. март 2020. / 12:15

Шеста жртва од корона вирус во Албанија

Шеста жртва од корона вирус во Албанија

Во Албанија регистрирана е шестата жртва од корона вирус.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита станува збор за 71-годишна жена од Тирана, која боледувала и од хипертензија.

Во текот на ноќта почина 71-годишна жена од Тирана, позитивна на корона вiрус, која беше хоспитализирана пред седум дена во Инфективната клиника, а неколку дена беше на респратор – стои во соопштенето на министертвото.

Од Министертвото изразуваат сочувство до семејството на пациентката и го повторуваат апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките, особено да одржуваат социјална дистанца и да се јават на телефонскот број 127 дококу имаат симптоми на болеста.

Заклучно со вчерашниот ден, бројот на заразените од вирусот Ковид-19 во Албанија изнесува 146. Досега 17 лица се излекувани, но остануваат во домашна изолација во период од 14 дена.