Регион 07. април 2020. / 10:22

Шест нови случаи на Ковид-19 во Црна Гора, вкупниот број порасна на 239

Шест нови случаи на Ковид-19 во Црна Гора, вкупниот број порасна на 239

Во Црна Гора потврдени се шест нови случаи на Ковид-19 и вкупниот број порасна на 239, соопшти Институтот за јавно здравје.

Новозаболените се од Подгорица, Никшиќ и Бар.

Сите нивни контакти се претходно потврдени случаи. Повеќето од нив сè уште се во Подгорица 118, Тузи, каде бројот со заразени не се менува со денови, па Никшиќ со 30 и Бар со 20 пациенти.