Регион 25. април 2018. / 11:22

Шешељ направи паника во Хрватска: Луѓето се заклучуваат и спуштаат ролетни дома

Шешељ направи паника во Хрватска: Луѓето се заклучуваат и спуштаат ролетни дома

Овие денови се крена огромна прашина околу најавеното доаѓање на Воислав Шешељ во Хрватска, каде на 6. мај треба да одржи митинг.

Екипата на Јутарњи.хр го посети местото, а таму луѓето велат дека се исплашени и дека тој ден ќе седат дома.

– Ова село е вообичаено на прв поглед, училиште, кафулиња, улици, црква, но деновиве владее паника за доаѓањето на Шешељ, вели мештанин.

Повеќето луѓе дома ќе се заклучат, ќе спуштат ролетни и ќе чекаат тој да замине.