Регион 10. јули 2020. / 22:38

Сериозна ситуација на заразени со Ковид-19 и во Црна Гора

Сериозна ситуација на заразени со Ковид-19 и во Црна Гора

Лабораторијата на Институтот за јавно здравје на Црна Гора анализирала 468 примероци од кои 58 биле позитивни на новиот коронавирус. – Во Црна Гора имаме сериозна ситуација, со сериозен број на заболени, изјави директорот на Институтот за јавно здравје и член на Националното координативно тело, Бобан Мугоша. Тој истакна дека таквата ситуација е очекувана по епидемиолошкото „затишје“. Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи изнесува 753, а потврдени се 10 починати лица. Бројот на моментно активните случаи е 733 луѓе.