Припадничка на полициските сили на Косово, застрела четири членови на своето семејство, по што се самоубила. Како што јавува „Газета експрес“, вооружениот инцидент се случил во градот Гњилане, во источно Косово.
Од косовксото обвинителство, за портаот потврдиле дека полицајката В.Б. ги застрелала своите родители и двајца браќа, пред самата да си го одземе животот.
Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, на местото на инцидентот излегле медицински, полициски, како и екипи на обвинителството, при што ведднаш била констатирана смрт кај петте лица.
Телата се префрлени во Институтот за форензичка медицина во Приштина за детална аутопсија.