Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани девет починати пациенти и 619 новоинфицирани, на тестирани 1.777 примероци.
Вкупниот број на активни случаи е 9.867. Повеќето нови пациенти се од Подгорица – 317. Од починатите, најстариот пациент имал 83 години, а најмладиот имал 45 години.
Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 28.392.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 396, а од почетокот на годината 405.