Грчката влада ќе ги убедува Грците дека постигнала добар договор со Македонија така што секој Грк ќе добие копија од Преспанскиот договор и ќе може во мир да го проучува. Владата на Ципрас ќе отпечати десетици илјади примероци од договорот за нормализирање на односите со Македонија со цел да ја информира јавноста пред парламентарната дебата за ратификување на Преспанскиот договор.
Канцеларијата на премиерот Алексис Ципрас во четвртокот објави дека документот ќе биде дистрибуиран со неделни весници, така што секој ќе може да прочита за договорот.
Анкета на национално ниво оваа недела покажа дека 70 отсто од Грците се противат на договорот.