Регион 19. април 2018. / 14:50

Секое село во Словенија ќе добие интернет

Секое село во Словенија ќе добие интернет

Словенија ќе воведе интернет во сите села во државата, со што станува шеста држава во Европа што го воведува ова. Секое село во Словенија добива право на приклучок до интернет со минимална брзина од 10 MB/s што официјално ќе се реализира до наредниот јуни.

Сите што ќе сакаат интернeт од руралните места ќе може да потпишат договор со државната компанија Телеком Словенија.