Во Хрватска до сега евидентирани се 56 случаи на зараза со корона вирус, а меѓу нив се и тројца лекари.
Заразени се уште седум лица, потврди министерот за здравство Вели Берош.
-Влегуваме во трета фаза, изјави Берош и додаде: Внимателно ги разгледуваме сите мерки што ги носиме. Тие се засноваат на стручни и научни факти. Благодарност и до граѓаните кои се придржуваат кон мерките, рече Берос
Главниот епидемиолог, Крунослав Чапак, рече дека е важно да се одржи рамнотежа помеѓу добрата епидемиолошка состојба и сериозноста и опсегот на мерките.
-Нема да биде добро да затвориме се, животот би застанал и работите не би можело да функционираат. Ние епидемиолозите мораме на дневно ниво да предлагаме до владата мерки за кои мислиме дека се приоритетни, изјави Чапак. Имаме 9000 луѓе во самоизолација, додаде тој.