Регион 30. мај 2019. / 21:51

Се зголемуваат тензиите: Уапсени двајца српски полицајци на Косово

Се зголемуваат тензиите:  Уапсени двајца српски полицајци на Косово

Денес околу 14 часот на северот на Косово, во Зубин Поток, уапсени се уште двајца припадници на косовската полиција од српска националност, објави Блиц.

Овие апсења, за разлика од акцијата во вторникот, не биле извршени од страна на припадници на специјалната единица Росу, туку од припадници на истражната единица на Косовскиот полициски инспекторат.

Првиот ден, во вторникот, беа уапсени 11 полицајци Срби, а вчера жена од Зубин Поток, припадничка на граничната полиција.