Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Црна Гора, денеска се регистрирани осум лица позитивни на корона вирусот, со што во моментов има вкупно 51 активен случај.
Новозаразените лица се од Подгорица (четворица), Рожае (тројца) и Бар (еден).
Од новозаразените лица, три биле во контакт со претходно позитивни случаи, додека за петмина се бара изворот на инфекција.
Институтот за Јавно здравје на Црна Гора во текот на вчерашниот ден направил вкупно 253 анализи со откриени 13 нови случаи.