Регион 06. ноември 2020. / 21:06

Се затвораат баровите, спортските сали, училиштата во неколку градови во Црна Гора

Се затвораат баровите, спортските сали, училиштата во неколку градови во Црна Гора

Црна Гора од вечерва ги затвора угостителските објекти поради ширењето на коронавирусот.

Националното координативно тело на Црна Гора во петокот вечерта донесе одлука за дополнително засилување на мерките во Подгорица, Цетиње, Будва и Улцињ поради ширењето на епидемијата на коронавирус, така што угостителските објекти ќе бидат затворени од вечерва.

Ќе бидат затворени и училиштата, како и спортски сали, фитнес центри, спортски сали за рекреација и детски игротеки.

Исто така се забранува собирање во станови и куќи на лица кои не се членови на заедничко семејство.

Во последните 24 часа се регистрирани 546 нови случаи на инфекција со коронавирус, а повеќе од половината се од Подгорица – 287. Во Црна Гора има 6.457 активни случаи на Ковид-19, а бројот на смртни случаи поврзани со инфекцијата изнесува 328 лица од почетокот на годината.