Регион 27. јануари 2020. / 12:47

Се урна воен хеликоптер во Јадранското Море, едно лице загина

Се урна воен хеликоптер во Јадранското Море, едно лице загина

Во близина на хрватскиот остров Зларин, во Јадранското Море се урна воен хеликоптер, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Според Шибеник.ин, во морето е пронајдено тело на една личност, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето.

До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58  за време на тренажен лет, кој почнал денеска во 10.30 часот.

Хрватското МО информира дека се преземаат сите мерки и активности со цел пронаоѓање и спасување на екипажот.

– Засега не знаеме колку луѓе биле во хеликоптерот. Сите околности ќе бидат истражени, соопшти полицијата во Шибеник.