Регион 12. април 2018. / 14:13

Се урна грчки воен авион – бил испратен да пресрета турски борбени летала

Се урна грчки воен авион – бил испратен да пресрета турски борбени летала

Борбен авион „Мираж 2000-5“ на грчката авијација се урна денеска во близина на островот Скирос.

Според грчкиот весник „Катимерини“ се работи за еден од двата авиони кои биле испратени да пресретнат турски борбени летала над Егејското море.

Официјална потврда за уривање на авионот сеуште нема, а грчката морнарица трага по пилотот.