Регион 04. јули 2018. / 20:11

Се тресе Албанија: Околу 50 земјотреси за еден ден

Се тресе Албанија: Околу 50 земјотреси за еден ден

Откако претходно земјотресот во Албанија се почувствува и во Македонија и Црна Гора, доаѓаат нови информации дека тлото во оваа земја не престанува да се тресе.

Најсилните земјотреси беа регистрирани во 11 и 13 часот и се движеа од 4. 9 до 5. 2 степени по Рихтер, а поради тоа беа прекинати собраниските седници во Тирана, а луѓето се излезени по улиците.

Сеизмолозите очекуваат нови потреси до вечер, но со помал интензитет.