Три бродови на грчката крајбрежна служба, авион на Фронтекс и бродови што пловат во близина спроведуваат акција за пронаоѓање на чамец со бегалци и мигранти во близина на грчкиот полуостров Пелопонез, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите првични информации, во чамецот има околу 60 лица.