Гумен чамец со мигранти се преврте рано изутрина и потона на западниот брег на Турција, во близина на популарната туристичка дестинација Кушадаси, при што девет лица се удавија, а четворица мигранти беа спасени, соопшти турската крајбрежна стража.
Агенцијата Анадолија вели дека меѓу жртвите имало седум деца и две жени. Засега нема информации за националноста на мигрантите, кои се обидоа да стигнат до еден од грчките острови во близина на Кушадаси.