Шефот на кабинет на унгарскиот премиер, Ѓерѓерли Гиљаш, соопшти дека во текот на последниот месец се зголемил бројот на мигранти што се обидуваат илегално да влезат од Србија во Унгарија.
– Вкупно 11. 808 лица се обиделе годинава илегално да влезат во Унгарија, а 2.418 од нив тоа се обиделе да го сторат во последниот месец – изјави Гиљаш.
Тој наведе дека мигрантите почнале да користат нова техника за пробивање на оградата што Унгарија ја крена пред четири години, при првиот мигрантски бран по таканаречената Балканска маршрута, пренесуваат унгарските медиуми.
Гиљаш објасни дека полицијата открила два тунела што мигрантите ги користеле да минат под оградата и додаде дека тунелите се веќе затворени од граничната стража.