Во болниците во Белград е забележан зголемен број случаи на бебиња заразени со корона вирусот.
Како што соопштува директорката на болницата за детски белодробни заболувања, Оливера Остојиќ, на педијатриското одделение се сместени 21 дете.
Според Остојиќ, најмладите пациенти имаат поблаги симптоми на болеста во споредба со постарите, но на оние што се отпуштени од болницата не им се препорачува да бидат физички активни повеќе од три до шест месеци.