Регион 16. декември 2020. / 09:25

Се облекол во костум на Дедо Мраз и ранил две лица со пиштол

Се облекол во костум на Дедо Мраз и ранил две лица со пиштол

Напаѓач облечен во костум на Дедо Мраз ранил две лица во Сараево.

Според очевидците, мажот облечен како Дедо Мраз забрзано одел по улицата, после што извадил пиштол и почнал да пука во правец на двајца мажи и една девојка.

Очевидците рекле дека напаѓачот им пукал во нозе, после што избегал во правец на катедралата.

При пукањето две лица се здобиле со повреди, а сараевската полиција вели дека станува збор за лесни повреди.

Полицијата активно трага по напаѓачот.