Двајца полицајци биле убиени рано утрово во Сараево во населбата Алипашино Поље додека се обидувале да спречат кражба на автомобил.
Сараевските медиуми наведоа дека „автомобилската мафија“ стрелала со автоматско оружје, веројатно „калашников“ кон полициската патрола која ги затекнала при кражба на „голф 6“ со хрватски регистарски таблички. Потоа крадците побегнале во непознат правец.
На самото место починал полицаецот Адис Шеховиќ, а неговиот колега Давор Вујиновиќ околу пладне им подлегнал на повредите во болница.
Службите соопштија дека „ќе превртат се за да ги најдат сторителите“.