Регион 03. март 2020. / 14:52

Се испитуваат три сомнителни случаи на Ковид-19 во Албанија

Се испитуваат три сомнителни случаи на Ковид-19 во Албанија

Надлежните здравствени служби во приморскиот град Валона соопштија дека се испитуваат три сомнителни случаи на Ковид-19. Станува збор за лица кои пристигнале од Италија.

– Се работи за шест патници за кои постоеше сомнеж дека се заразени со корона вирусот. За тројца од нив испратени се мосрти за испитување во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Тирана, изјавија за телевизијата „Ора њуз“одговорните во регионалната болница во Валона.

Од таму ги објаснуваат препораки на Министерството за здравство кои и тука строго се почитуваат и спроведуваат.

Оттаму негираат дека во Валона, има недостиг на заштитни маски против новиот корона вирус, при тоа истакнувајќи дека од 1.200.000 маски распределени низ целата земја, 125.000 се дистрибуирани во регионот на Валона.

Министерството за здравство ги повикува деловните субјекти да ги преземат сите санитарни мерки, како што е употребата на ракавици, како превентивна мерка против новиот корона вирус.

Во Албанија до сега тестирани се 36 лица како сомнителни, а биле на патувања во земји погодени од новиот корона вирус, при што за сите нив резултатите се негативни.