Регион 24. ноември 2020. / 17:21

Се бара истрага во Албанија зошто починатите од корона ги товарат во вреќи

Се бара истрага во Албанија зошто починатите од корона ги товарат во вреќи

Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, побара од обвнителството под итно да почне истрага во врска со морбидните фотографи кои кружат деновиве за „односот кон почнатите од Ковид-19“.

Обвинителството не треба да спие, туку под итно да почне истрага, рече Шеху одговарајќи на прашањето кој прави политика со умрените од Ковид-19,по дебатата меѓу власта и опозицијата.

На фотографиите се гледа како трупови на лица почнати од Ковид-19 завиткани во пластични вреќи и бели чаршафи се оставени на подот во мртовечницата а не во посебни простории со ладилници.

Фотографиите кои се направени од Сири.нет, ги објавија сите медиуми.

И за ова, власта ја обвини опозицијата, велејќи дека се монтирани, откако и претходно ги отфрли како неточни и тврдењата на лидерот на Демократската партија(ДП) Љуљзим Баша, дека во периодот март-октомври имало 923 починати а не 509 лица колку што тврди министертвото за здравство.

Потпретседателот на ДП, Еди Палока, денеска отфрли дека овие фотографии се излезени од неговата партија.

Тие се појавија во медиумите, не е точно дека тие излегоа од ДП. Дали е етички или не, тоа е друга тема,но добро е да види јавноста како се справуваме со пандемијата. Жално е затоа што тие се вистински слики. Сериозно е што се случува. Срамота и морбидност е она што се случува. Рама секогаш се занимава со осуда и истото го прави и со овие фотографии, рече Палока.

Според него дека не се објавува реално бројот на починати од коронаврус потврда се починати двајца негови блиски роднини од Ковид-19, кои не се во списокот на починати од опасниот вирус