Синиша Миличевиќ, нарекуван Тигар, убиен е синоќа во населбата Добрињ во источно Сараево.
Миличевиќ го убиле непознати сторители додека излегувал од зградата во која живеел.
Синоќа во 22:40 часот било пукано во него, по што во болница бил превезен со тешки повреди.
Миличевиќ бил погоден со кушруми. При ликвидацијата не е кристен пригушувач, па одекнувањата од пукањето ги вонзмеириле станарите.
Според изјавите на очевидците, осомничениот носел црвен дуксер со капуљача, а Тигар го чекал на аголот знаејќи во кое време ќе излезе од зградата. И покрај напорите на лекарите, тој починал. Миличевиќ бил сопственик на салонот за организирање свадби „Родео“.
Како што пишуваат тамошните медиуми, Тигар се здобил со 5 прострелни рани, а шестата била кобна.