Регион 04. мај 2020. / 16:03

Само 5 новозаразени во Хрватска од коронавирус, вкупниот број е 2.101

Само 5 новозаразени во Хрватска од коронавирус, вкупниот број е 2.101

Во последните 24 часа во Хрватска потврдени се пет нови случаи на Ковид-19, а едно лице почина. Вкупниот број на инфицирани лица изнесува 2.101.

– Во Хрватска 70. ден од епидемијата со новиот коронавирус на респиратор се 15 пациенти, а оздравеле 1.522 лица, изјави министерот за здравство Вили Берош.

За денеска е најавено дека ќе бидат објавени мерките за венчавки, погреби, отворање на спортските и детските игралишта.