Регион 07. октомври 2018. / 15:47

Самарас: Со Договорот од Преспа се олеснува создавање на „Голема Албанија“

Самарас: Со Договорот од Преспа се олеснува создавање на „Голема Албанија“

Поранешниот премиер на Грција, Андонис Самарас, истакна дека со Договорот од Преспа ќе се создадат нови проблеми на Балканот.

Тој смета дека со Договорот се признава етничката припадност Македонци и македонскиот идентитет, но исто така и дека се олеснува созадавањето на т.н. „Голема Албанија“, пренесе Експрес.мк.

„Договорот предизвикува нови експлозии. Во Скопје, Албанците гласаа за него зашто ја олеснува ‘Голема Албанија’, сега ќе побараат и нивната етничка припадност да биде признаена во Скопје(…) Неколку километри понатаму, границата меѓу Албанија и албанско Косово треба да се укине“.

Самарас потсети дека постојано предупредувал дека не треба да се даде името Македонија на северниот сосед.

„Зошто? Затоа што едноставно, од моментот кога им го дадовме името што го вклучува зборот Македонија, сите официјално ќе велат, не … северни Македонци, а Супер-Македонци, туку „Македонци“ … изјавил Самарас според кој со Преспанскиот договор се признава и етничката припадност „Македонци“ и признавање на „македонски јазик“ и признавање на „македонскиот идентитет“.