Регион 15. декември 2018. / 20:14

Самарас: Договорот од Преспа е подобар за нас, но сепак е опасен

Самарас: Договорот од Преспа е подобар за нас, но сепак е опасен

Поранешниот конзервативен премиер Андонис Самарас денеска изјави дека му се лути на актуелниот претседтел на грчката влада Алексис Ципрас поради договорот потпишан помеѓу Грција и Македонија во јуни минатата година за решавање на долготрајниот спор, велејќи дека отвора врата „за нови брања од соседната земја“.

– Се спротивставив на името Македонија, бидејќи името ќе има етничка припадност и јазик и ќе бара признавање на малцинските права во Грција. Сите претходни премиери го одбија тоа, господинот Ципрас го прифати. – изјави тој пред делегатите на 12-тата конференција на својта партијата, што се одржа во близина на меѓународниот аеродром во Атина, во источна Атика.

– Тој е опасен поради многу причини, но главно поради тоа што нема црвени линии и се што може да се побар се исполнува. Не остава простор за нашите потреби, иако сме далеку во подобра позиција од соседот. – продолжи Самарас во својот говор.