Регион 09. февруари 2020. / 13:43

Сали Бериша повика на револуција за соборување на Еди Рама

Сали Бериша повика на револуција за соборување на Еди Рама

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, изјави дека продолжува да повикува на револуција како единствен начин да се отстрани Еди Рама од функцијата премиер.

Само револуцијата е решение во оваа земја. Има омраза кон Еди Рама која се граничи со небото и оваа омраза треба да се капитализира со соборување на Еди Рама и неговиот наркокабинет. Убеден сум во тоа – изјави Бериша.

Гостувајќи во емисијата „Оваа недела“, на албанската телевизија „Њуз 24“, Бериша порача дека опозицијата не треба да губи време, додавајќи дека мора да стори сé што може за да му го направи на Рама тоа што Боливијците му го направиле на претседателот Ево Моралес.

Според мене опозицијата треба да стори сé што може за да му го направи на Еди Рама она што Боливијците му го направија на Моралес, она што Ерменците му го направија на Саркезијан, да го направат тоа што го направија Македонците во време кога навистина имаше проблем. Значи, опозицијата не треба да губи време, туку да биде фрлена во битка сè до конечното соборување на овој албански мафијашки бос, како што сега го нарекуваат во Европа – посочи Бериша.