Регион 12. ноември 2019. / 13:31

Сали Бериша: „Малиот Шенген“ може да го направи Косово српски сателит

Сали Бериша: „Малиот Шенген“ може да го направи Косово српски сателит

Бившиот премиер на Албанија, Сали Бериша, изјави дека проектот за „мал Шенген“ може да го направи Косово сателит на Србија, јавува Б92.

Според Бериша, таквата идеја датира уште од времето на Југославија.

-Така може да се стигне само до изолација на Косово. Економски ќе ја ослабнат државата и ќе ја направат нерамноправна со Србија, изјави Бериша.

Тој ја оцени идејата како неуспех на преговорите за размена на територии. Бериша смета дека така се враќа идејата за „Велика Србија“, што ќе го ограничи Косово во дијалогот со српската влада.