Поранешниот албански претседател Сали Бериша обвини дека албанскиот премиер Еди Рама добил наредба од Белград да поднесе тужба за клевета против косовскиот премиер во заминување, Рамуш Хардинај.
Бериша посочи дека тоа претставува најнов чин на предавство во низата која Рама ја сторил против незвисноста на Косово и претставува големо понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово.
– Ова тужба што ја нарачал Белград, е последната во серијата акти на народно предавство, сторено против независноста на Косово, неговиот територијален интегритет и суверенитет. Вучиќ му наредил на предавникот под итно да поднесе тужба против косовскиот премиер. Пријатели, секој час што ќе го минете држејќи го овој предавник на чело на нарко-владата е понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово – напиша Бериша на социјалните мрежи.